Дома Фудбал Изненадување помеѓу голгетерите во 2025 година: Најдобар стрелец е – Осман Дембеле!

Изненадување помеѓу голгетерите во 2025 година: Најдобар стрелец е – Осман Дембеле!

Најдобар стрелец во 2025 година е Французинот Усман Дембеле, кој блескаше изминатиот месец во дресот на Пари Сен-Жермен.

Имено, Дембеле одигра шест натпревари за ПСЖ и во нив постигна дури 11 гола, додека ниту еден друг напаѓач од најсилните лиги на светот не е блиску до него.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На второто место се наоѓаат одличниот Лаутаро Мартинез од Интер и Килијан Мбапе од Реал Мадрид.

Ова двајца имаат постигнато по осум гола, а вреди да се напомене дека Мартинез одигра девет, а Мбапе 10 натпревари оваа година.

Добар почеток на годината имаше и Роберт Левандовски, кој во дресот на Барселона постигна седум гола во девет натпревари.

Иста ефикасност има и Родриго од Реал кој заедно со Мбапе чини смртоносен пар во нападот на мадридскиот клуб. Имено, тие двајца заеднички постигнаа 15 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема место за паника: Перез ги смирува навивачите по дебаклот против ПСЖ

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, даде свој коментар по понижувањето на Реал …