Дома Фудбал Избран најдобриот селектор за 2024 година – апсолутно заслужено!

Избран најдобриот селектор за 2024 година – апсолутно заслужено!

Луис де ла Фуенте, човекот кој ја однесе Шпанија на врвот на Европа, е прогласен за најдобар селектор за 2024 година според изборот на Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS).

Според резултатите од гласањето, 63-годишниот стратег на Шпанија доби 274 поени и заслужено го освои првото место пред селекторот на Аргентина, Лионел Скалони (148), и Дидије Дешан, предводникот на Франција (35).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Под водство на Де ла Фуенте, репрезентацијата на Шпанија оваа година со сите седум победи го освои Европското првенство во Германија.

„Црвената фурија“ во 2024 година вкупно одигра 17 натпревари, од кои 14 победи, двапати ремизираше (еднаш со Србија) и доживеа еден пораз.

Меѓу десетте најдобри селектори според IFFHS беа и поранешниот селектор на Англија Герет Саутгејт, Емерс Фае (Брегот на Слоновата Коска), Јулијан Нагелсман (Германија), Нестор Лоренцо (Колумбија), Винченцо Монтела (Турција), Вили Саньол (Грузија) и Марсело Бјелса (Уругвај).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Да не беше фудбалер Лука Модриќ ќе беше… интересно

Средниот фудбалер на Милан Лука Модриќ откри со што би се занимавал ако не беше фудбалер и…