Дома Останати Тенис Ивановски во полуфиналето во Загреб може да игра со синот на Иванишевиќ!

Ивановски во полуфиналето во Загреб може да игра со синот на Иванишевиќ!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот М15 Загреб откако во четвртфиналето го победи домашниот тенисер Хрватот Вито Тонејц со 2-1 во сетови (64 67(5) 62) за три часа игра.

Голема борба се водеше за секој поен и беа одиграни вкупно 218 поени (117:101 за Ивановски).

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во првиот сет првиот брејк на стартот го направи Ивановски, но противникот врати веднаш за 1:1. Во деветтиот гем од сетот Калин уште еднаш успеа да го одземе гемот на сервис на противникот и поведе со 5:4 за сетот да го заврши со 6.4 во гемови. Вториот сет мина со многу пресврт по 2:2, македонскиот тенисер направи брејк за водство од 3:2, но Тонејц во најдолгиот гем во мечот по 18 поени успеа да изедначи на 3:3. Повторно во деветтиот гем Ивановски прави брејк за водство од 5:4, но во следниот гем не ја користи првата меч топка и противникот изедначи на 5:5 и сетот беше решен во тај брејк. Во „13.тиот гем“ хрватскиот тенисер имаше предност и го доби тај брејкот со 7:5 на поени и изедначи на 1-1 во сетови.

Во решавчкиот сет имаше два брејка и ги направи Ивановски, во четвртиот гем за водство од 3:1 и во осмиот гем за 6:2 во гемови.

Противник во утрешното полуфинале ќе му биде Мирза Башиќ од БиХ, трет носител, кој со 2-0 во сетови (63 60) го победи Емануел Иванишевиќ од Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

(Видео) Грците може „вода да му носат“: Ѓоковиќ заигра познат танц и ги воодушеви сите

Српскиот тенисер, воедно и најголемиот на сите времиња во овој спорт, Новак Ѓоковиќ се при…