Дома Останати Тенис Ивановски со пресврт до четвртфинале во Загреб!

Ивановски со пресврт до четвртфинале во Загреб!

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, се пласира во четврт-финалето од фјучерс-турнирот во Загреб, откако по голема борба во три сета го совлада Србинот Душан Обрадовиќ (2-6, 6-2, 6-1).

Ова е значаен триумф за нашиот тенисер, со оглед што противникот беше речиси двојно подобро рангиран на АТП листата (897-585) и втор во низа во хрватската престолнина. Ивановски лошо почна, па по освоениот прв гем од мечот потоа ги загуби следните пет гема, што значеше губење на првиот сет. Но, Македонецот потоа заигра подобро и до крајот му препушти само три гема на српскиот тенисер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Негов следен противник е домашниот натпреварувач Вито Тонејц, кој е 1.155-ти тенисер во светот, што е голема шанса за нашиот Калин за пласман во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Венус Вилијамс се враќа на Австралија опен после пет години

Седумкратната гренд слем шампионка во сингл, американската тенисерка Венус Вилијамс доби с…