
Италијанскиот фудбалски новинар Паоло Барџиџа предизвика бурни реакции во јавноста со своите остри изјави во најавата за подкастот Центрокампо, чие цело издание ќе се објави во понеделник. Барџиџа се осврна на статусот на ветераните во италијанската лига, при што посебно го споменува играчот на Милан, Лука Модриќ, пишува milannews.it.
Во извадокот кој беше објавен на социјалните мрежи, Барџиџа ги нарече искусните ѕвезди како Модриќ, Един Џеко и Џејми Варди “завршени играчи”, сликовито опишувајќи ја нивната присутност во лигата како “гробишта за слонови”.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
„Модриќ во Милан, Џеко, Варди… Завршени играчи. Кој ќе ти плати да гледаш гробишта за слонови? Го земаш Риќи и му плаќаше 25 милиони, а играш со некој од 40 години?”, запраша Барџиџа.