
Фудбалската репрезентација на Италија за трет пат по ред нема да учествува на Светското првенство. По поразот во Зеница, Аѕурите го обвинуваат судијата Клеман Турпин.
Според Италијанците, светски познатниот судија Клеман Турпин е главниот виновник за нивниот неуспех во Босна и Херцеговина. Тие не престануваат да зборуваат за ‘спорните’ одлуки на 43-годишникот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
‘Стручњаците’ и медиумите на Апенините тврдат дека нивниот тим бил оштетен при постигнувањето на голот, и дека Тарик Мухаремовиќ требало да биде исклучен од натпреварот.
Според италијанските ставови, Едиn Џеко играл со рака пред Харис Табаковиќ да го постигне голот за 1:1.
“При овој гол, Џеко се качи врз Манчини, очигледно играјќи со рака, но Турпин и ВАР го одобрија голот. ВАР го игнорираше играњето со рака”, пишува Калчомеркато.
— ✧ 𝟏 𝟖 ✧ (@itgzv1) March 31, 2026
Покрај тоа, сметаат дека Тарик Мухаремовиќ во 102-та минута требаше да добие црвен картон по грубото влегување врз Пелестра.
“Турпин му покажа само жолт картон. Реакциите беа бурни, особено од Донарума, но ВАР ја поддржа одлуката на францускиот судија, иако таа беше контроверзна.”
Поранешниот фудбалер Даниеле Адани смета дека ова требаше да биде црвен картон.
“Ова е секогаш црвен картон. Нашите играчи го праведно протестираа. Се шегувате ли со мене? Ова е чист црвен картон!”
Кој губи, има право да се лути…