Дома Фудбал Италијанскиот тренер го „откачи“ Милан!

Италијанскиот тренер го „откачи“ Милан!

Италијанскиот фудбалски тренер Роберто де Зерби не планира да ја менува средината во претстојниот период.

Актуелниот стратег на Олимпик Марсеј врши одлична работа и двете страни се задоволни од начинот на кој се развива тимот. Иако Олимпик не е претендент за титулата, што не е реално имајќи ја предвид целата моќ која ја поседува Пари Сен Жермен. Сепак, е составен многу квалитетен тим кој би требало да биде подобрен за летните предизвици во Лигата на шампионите, каде што, извесно е, ќе заврши Марсеј.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Единствено со што де Зерби не е задоволен е судењето во Франција, за што јавно говореше по неочекуваниот пораз од Оксер претходното коло, изразувајќи дека нема повеќе да работи во Лига 1 кога ќе замине од Олимпик.

Во меѓувреме, во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека токму тој е еден од кандидатите за тренерската позиција во Милано, по разделбата на клубот со Сержио Консеисао кој не ги исполни очекувањата, иако имаше импресивен почеток.

Но, од тоа нема ништо, барем за сега. Де Зерби истакна дека е среќен и „дека нема грижи“ кога станува збор за неговата иднина.

Марсеј моментално е второпласиран тим во Лига 1 со 49 бода, три повеќе од третопласираната Ница и шест повеќе од четвртопласираниот Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Секоја чест на Роналдо и Меси, но никој не е подобар од еден играч

Жозе Мурињо има многу искуство во својата тренерска кариера. На големата сцена е веќе 25 г…