Дома Фудбал Италијанската легенда разочарана: Ако тоа беше пенал готово – се откажувам од фудбалот!

Италијанската легенда разочарана: Ако тоа беше пенал готово – се откажувам од фудбалот!

Во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите, Клуб Бриж ја победи Аталанта со 2:1, а голот за гостите го постигна хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ. Реванш натпреварот е закажан за 18 февруари во Бергамо. Белгискиот тим дојде до победа во четвртата минута од продолжението со реализиран пенал од страна на Густаф Нилсон.

Пеналот беше доделен во 91-ва минута, откако одбранбениот играч на Аталанта Хиен во трчање со рака го зафати лицето на Нилсон. Навивачите на Аталанта протестираа поради тој пенал, а се огласи и Бепе Бергоми (61), некогашен капитен на Интер, а денес стручен коментатор на италијанската телевизија Sky.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


“Се откажувам. Ова повеќе не е фудбал. Ако ова е пенал, фудбалот е завршен. Не сакам понатаму да коментирам”, рече тој со неверување. Италијаните најмногу замеруваат што не се вклучи ВАР собата за да го доведе во прашање контактот во шеснаесетникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …