Јувентус и Интер покажуваат силен интерес за играчот за врска на Арсенал, Томас Парти пренесува „Калчомеркато“.
Парти пред четири години пристигна на „Емирати“ како големо засилување за 55 милиони евра, но никогаш не ги оправда очекувањата.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Оваа сезона игра добро, но неговиот договор истекува на лето, а се уште нема најави за продолжување на соработката.
Италијанските клубови сакаат да ја искористат ситуацијата и да го доведат без обештетување, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Двата клуба ќе водат голема битка за неговиот потпис, бидејќи Парти уште во јануари може да потпише преддоговор.