Дома Фудбал Исвиркан беше Јамал пред церемонијата

Исвиркан беше Јамал пред церемонијата

Ламин Јамал беше исвиркан во Париз. Делегацијата на Барселона, која ги вклучуваше 18-годишниот напаѓач, Рафиња и Пау Кубарси, пристигна на церемонијата за доделување на „Златната топка“. При поминување на црвениот тепих, заедно со останатите претставници на клубот, Јамал ги слушна освиркнувањата по своја адреса.

Крилниот играч на Барса и шпанскиот национален тим е еден од главните кандидати за наградата, заедно со напаѓачот на Париз Сен Жермен Усман Дембеле.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јамал е во Париз придружуван од своето семејство. Тој беше сместен во првиот ред во театарот “Шатле”, каде што ќе се одржи церемонијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради итност Барселона лета за Мадрид веднаш

Прогнозата за исклучително лошо време го принуди тимот на Барселона да ги промени своите п…