Дома Фудбал Историски момент: За првпат употребено правилото на Венгер – еве како изгледаше (Видео)

Историски момент: За првпат употребено правилото на Венгер – еве како изгледаше (Видео)

Фудбалскиот свет е сведок на можни историски промени кои би можеле да имаат значителен импакт врз иднината на омилената споредна работа во светот.

На натпреварот во канадската лига меѓу Форге и Отава (2:0), првпат во професионално натпреварување беа тестирани две значајни иновации – новото правило за офсајд, познато како “Правилото на Венгер”, и поедноставениот систем за видео поддршка наречен FVS (Football Video Support).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Домаќините од Форге победија со головите на Брајан Рајт и Бен Патон, но резултатот стана второстепен во однос на тоа што се случуваше на теренот.

Особено внимание привлече ситуацијата која најдобро ја илустрира суштината на новото правило. Напаѓачот на Отава ја прими топката додека еден дел од неговото тело беше пред последниот дефанзивец. Во продолжение на акцијата, голманот го собори, а судијата по прегледувањето на снимката досуди пенал.

Според старите правила, оваа ситуација би била квалификувана како офсајд. Но, новото правило носи клучна промена: играч е во офсајд само ако целото тело му е пред претпоследниот играч одбраната. Со други зборови, доволно е кој било дел од телото со кој може да се постигне гол да остане во линија со одбраната за напаѓачот да биде во дозволена позиција.

Во конкретниот случај, иако главата и рамото на напаѓачот беа пред противничкиот играч, неговите нозе беа во линија, што беше доволно за акцијата да се смета за регуларна и за судијата да досуди удар од белата точка.

Оваа идеја потекнува од легендарниот тренер Арсен Венгер, кој со години се залага за промени во правилата за офсајд со цел да се намалат маргиналните пресуди кои предизвикуваат фрустрации, како и да се зголеми бројот на голови и атрактивноста на играта.

Покрај тоа, беше тестиран и новиот систем за видео асистенција FVS. За разлика од класичниот ВАР, овој систем им дава на тренерите по две челинџ картички на натпревар. Во случаи на сомнеж за погрешна одлука, тренерот може да побара преглед на ситуацијата, по што главниот судија лично ја прегледува снимката на монитор покрај теренот.

Овие иновации претставуваат обид за модернизација на фудбалот и негово доближување до публиката, со поголема транспарентност и динамика на играта. Останува да се види дали ФИФА и останатите организации ќе ги прифатат овие промени во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…