Дома Фудбал Историски момент: Реал Мадрид направи нешто што не му успеало на ниту еден друг клуб!

Историски момент: Реал Мадрид направи нешто што не му успеало на ниту еден друг клуб!

Шампионот на Шпанија и победник во Лига на шампионите, Реал Мадрид, стана првиот европски клуб што заработил повеќе од една милијарда евра во сезоната 2023/24, според 28-то издание на извештајот Football Money League, објавен во четвртокот од ревизорската консултантска фирма Deloitte. Со приход од 1.045 милијарди евра (во претходната сезона заработи 831 милион евра), Реал имаше најголема заработка меѓу 20-те најдобри европски клубови.

Според ревизорската и консултантска фирма Deloitte, 20-те најголеми клубови постигнаа вкупни приходи од 9.2 милијарди евра во сезоната 2021/22. Deloitte истакнува дека вкупниот приход на 20-те најголеми клубови во сезоната 2023/24 во споредба со претходната сезона (10.5 милијарди евра) пораснал за шест проценти, на 11.2 милијарди евра. Зад Реал Мадрид се Манчестер Сити (838 милиони евра), ПСЖ (806), Манчестер Јунајтед (771) и Баерн Минхен (765).


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Deloitte посочува два причини за зголемување на заработката. “Најдобрите клубови успеаа да ги зголемат своите приходи на деновите на натпреварите зголемувајќи го капацитетот на своите стадиони или со воведување премиум понуди на деновите на натпреварите”, објасни Стефан Лудвиг, лидер на германската спортска бизнис група на Deloitte.

Комерцијалните приходи растеле, на пример, преку организирање на надворешни настани на стадионот. Фудбалските клубови сфатија дека треба “да ги пласираат своите средства на различни начини и да бидат повеќе од обичен спортски бренд”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прeд нeколку мecеци сакаa да го продадат, a ceга е недопирлив во Реал Мадрид!

Реал Мадрид синоќа лесно го победи Салцбург со 5:1 на својот терен во натпревар од седмото…