Дома Фудбал Историска пресуда: Затвор за расистички навреди на Винисиус

Историска пресуда: Затвор за расистички навреди на Винисиус

Во четврток, во Шпанија беше испишана историја – беше изречена пресуда на петмина навивачи на Ваљадолид поради расистички навреди.

На натпреварот од Ла Лига одигран на 30 декември 2022 година, неколкумина навивачи на Ваљадолид на расна основа го навредуваа играчот на Реал Vinisijus во моментот кога го напушташе теренот поради измена.


Шпанската јавност „проклека“, се пишуваше за овој (но и за многу други инциденти на други стадиони) со месеци, а во соработка меѓу полицијата и клубот, прекршителите беа идентификувани.

Помогна и фактот што на социјалните мрежи беше објавен видео снимок на кој јасно се слуша што зборуваат оние кои го снимаат спорниот видео или оние кои се во нивна близина. Тоа всушност овозможи идентификацијата на петмината осудени.

Ваљадолид кратко по овој инцидент суспендираше 12 навивачи и им забрани влез на стадионот, а истрагата покажа дека за расистичките навреди одговорни биле петмина од нив.

Истрагата и судењето траеја скоро две години, а за време на судењето обвинетите ја признаа вината и изразија жалење за своите постапки.

Судот го карактеризираше нивното дело како злосторство од омраза, утврди дека имале јасна намера да го навредат и понижат играчот на расна основа.

Секој од петтемина навивачи доби казна затвор од една година, парична казна од 1.620 евра и четиригодишна забрана за влез на натпревари на било кој стадион во Шпанија.

Исто така, им е забрането да учествуваат во спортски, образовни и рекреативни активности за време на изреката на казната.

Vinisijus имаше право и на паричен надоместок, но рече дека нема да го бара и дека е задоволен што ја добил правдата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси се враќа за Аргентина

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го објави неговиот прелиминарен список на фудбале…