
По убедливата>победа на Вест Хем над Волвс со 4:0 во 32. коло од Премиер лигата, Тотенхем заврши во зоната за испаѓање. Ова е лош историски момент за англискиот клуб, бидејќи првпат во својата 144-годишна историја, Тотенхем е во опасност за испаѓање од првата лига во април, при самиот крај од сезоната.
Со оваа победа, Вест Хем успеа да избега од опасната зона, додека „Спарс“ паднаа под линијата. Во недела, Тотенхем гостува кај Сандерленд, што ќе биде натпревар од големо значење за лондонскиот клуб. Со евентуална победа, „Спарс“ би ги надминале „Чеканите“ и би се извлекле од зоната на испаѓање.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сериозноста на ситуацијата се потврдува и од проценките на аналитичката платформа Polymarket, каде што се наведува дека Тотенхем моментално има дури 39 проценти шанси да испадне од Премиер лигата. Клубот кој со години беше редовен учесник во европските натпреварувања и во борба за врвот, сега е на работ на една од најголемите сензации во историјата на англискиот фудбал.
🚨ОФИЦИЈАЛНО: Тотенхем е во зоната за испаѓање на Премиер лигата во април, првпат во нивната 144-годишна историја…
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) 10 април 2026
Тотенхем има 39% шанси за испаѓање, според Polymarket. pic.twitter.com/3kvn9iEDh8