
Не е толку редок случајот во НБА лигата да гледаме браќа кои играат заедно. На пример, оваа сезона ќе ги гледаме Стеф и Сет Кари во Голден Стејт. Браќата Вагнер, Мо и Франц веќе четири години играат за Орландо, а нешто порано во Филаделфија ги видовме Џастин и Арон Холидеј.
Меѓутоа, првпат во 79 години долга историја на најсилната кошаркарска лига во светот, ќе видиме тројца браќа во ист тим. Алекс Адетокунбо потпиша двоен договор со Милвоки Бакс и ќе се придружи на Јанис и Танасис. Имавме случај тројца браќа да бидат во НБА, синови на легендарниот Рик Бери, Џон, Брент и Дру долго играа, но никогаш не беа заедно во ист тим.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Алекс е најмладиот од тројцата браќа, а влезе во тимот откако менаџментот на франшизата од Висконсин реши да ја прекине соработката со плејмејкерот Џамари Буја. Тоа отвори простор најмладиот Адетокунбо да добие двоен договор. За почеток, ќе поминува повеќе време во филијалата на НБА шампионот од сезоната 2020/21, Висконсин Херд.
Крилниот играч претходно веќе беше дел од составот на филијалата на Бакс и тоа во периодот од 2022 до 2024 година. Само во изминатата година промени пет клуба. Покрај Висконсин, играше за тим во Литванија, кратко за Подгорица, ПАОК за да му биде последен ангажман во Арис каде соработуваше со Богдан Караичиќ. Со клубот од Солун имаше двегодишен договор, но истиот беше раскинат веќе по две натпревари.
За разлика од браќата Јанис, Танасис и Костас, не успеа да се избори за дресот на репрезентацијата на Грција, ниту да дебитира во НБА лигата.