
Душан Влаховиќ засега успешно одбива понуди од Истанбул, затоа што очекува расплет на големата сцена.
Според денешните вести, Влаховиќ станува сѐ посериозна опција за Милан. За време на викендот, Масимилиано Алегри и Игли Таре разговарале за идејата да го направат Српскиот фудбалер нов лидер во нападот, и се согласиле дека тоа е идеална идеја. Но, ова не значи дека трансферот ќе се реализира, бидејќи Јувентус не сака да ги зајакне директните конкуренти, а и Влаховиќ не е подготвен да се откаже лесно од своите високи примања.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Влаховиќ е еден од највисоко платените играчи во Серија А, а Милан не може да си дозволи да му ги изедначи примањата што ги има во Торино. Не треба да се заборави дека Алегри и Влаховиќ соработувале во Јувентус и добро се познаваат, па не е изненадување што “росонерите” толку инсистираат на него.
Но, тоа не е сѐ, затоа што пак се споменува и Атлетико Мадрид!
Извори сугерираат дека Атлетико нуди размена во која Науел Молина ќе биде испратен во Торино со доплата. Влаховиќ беше поврзуван со Атлетико неколку пати, Виктор Ѓокереш сè уште гледа повеќе кон Премиер лигата, а Диего Симеоне сака нов напаѓач, додека Хулиан Алварез е неприкосновен во тимот. Александар Серлот е одличен план Б од клупата, а Антоан Гризман ќе продолжи да игра во повлечена позиција, поради што Симеоне сака напаѓач со профил каков што има Србинов.
Влаховиќ моментално не размислува за опцијата Истанбул, бидејќи интерес покажуваат и клубови од најсилните пет првенства но јасно е дека треба да се откаже од дел од неговите примања ако посакува да го олесни трансферот.
Тој влегува во последната сезона од договорот со Јувентус и сигурно ќе замине, бидејќи нема преговори за продолжување на соработката под сегашните услови.
Фото: Juventus FC/X