
Фудбалерот на Ливерпул, Александер Исак, изрази задоволство што по неизвесниот трансфер период се приклучи кон редовите на англискиот шампион. Како што откри шведскиот напаѓач, медиумите и навивачите не се информирани за сите детали што се случувале зад сцената. .
На Сент Џејмс Парк пристигнаа засилувања во ликот на поранешниот напаѓач на Брентфорд, Жоан Виса, и фудбалерот на Штутгарт, Ник Волтемајд.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Исак одби да учествува во подготвителните натпревари на Њукасл и во почетокот на новата сезона.
Во поразот на Шведска од Косово со 2:0 во квалификациите за Светското првенство, Исак влезе во игра од клупата. Го замени својот поранешен соиграч, Ентони Еланг, во последните мигови од натпреварот, кога Шведска беше со два гола заостанување.
ALEXANDER ISAK SPEAKS OUT FOR THE FIRST TIME🚨🚨🇸🇪: #LFC
— James Wathland (@JamesWathland) September 9, 2025
Here are the key quotes ⤵️
1️⃣ “It is what it is. Not everyone has the full picture.”
2️⃣ “This summer has been what it has been. A transfer window. I got what I wanted – to change club. Now I am a Liverpool player.”
3️⃣… pic.twitter.com/gRMGXDwKX8
По шокантниот пораз на Шведска од Косово, новиот напаѓач на Ливерпул првпат се огласи за сите околности околу трансферот.
“Сите околности не се познати, но тоа е тема за некој друг ден. Не можам да контролирам сè што се зборува или пишува, но среќен сум што станав играч на Ливерпул”, изјави Исак за шведските медиуми.
За време на натпреварот во Приштина, Исак упати три удари, два во рамките на голот и заработи жолт картон.
“Одлично е што сè се реши пред собирот на репрезентацијата и можам повторно да се концентрирам на фудбалот”, заврши Исак.