
Александар Исак беше приморан да направи нешто што никогаш претходно не му се случило, по наредба на тренерот на Ливерпул, Арне Слот.
Ливерпул оствари победа од 2:1 против Саутемптон во Купот на Карабао и обезбеди место во четвртата рунда на ова натпреварување.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Исак го постигна својот прв гол за тимот на Ливерпул откако пристигна преку трансфер од Њукасл, кој ги помести сите рекорди во Велика Британија.
Саутемптон успеа да израмни со голот на Шеј Чарлс, но на крајот победата на Ливерпул ја донесе Хуго Екитике во последните моменти од натпреварот.
Тој ја заврши вечерта посрамотен бидејќи заборави дека има жолт картон и мораше порано да се повлече од теренот откако го соблече дресот за време на прославата на голот.
На полувремето, тој влезе на теренот наместо Исак, но вечерта за него заврши непосакувано.
Претходно, Исак доживеа нешто необично во својата кариера, а наредбата дојде директно од Арне Слот.
Причината што Исак не е физички подготвен да игра повеќе е што немаше прилика да ги заврши подготовките со Њукасл.
Публиката на Ливерпул на полувремето можеше да го види Исак како прави спринтови со член од медицинскиот тим на Ливерпул.
Некои можеа да забележат како Александaр Исак изведува трчања на полувремето синоќа.
— STATSports (@statsports) September 24, 2025
Поради ограничената претсезона, Ливерпул ја згради неговата кондиција контролирано. Синоќа постепено му се зголемуваа минути, но трчањата на полувремето му обезбедуваа…
Ова е пракса која обично се изведува со играчите кои немаат многу минути во натпреварот, но најчесто на крајот од дуелот. Овој пат, Исак го направи тоа на полувреме.
Исак беше пресреќен по натпреварот не само поради постигнатиот гол, туку и поради победата, и прокоментира што се случи на полувреме.
“Да, ова ми се случи првпат. Беше смешно, но интересно ново искуство. Морам да ја вратам физичката кондиција”, изјави Исак.