
Фудбалерите на Интер синоќа на гостувањето победија против Феенорд со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампиони, а по натпреварот видовме интересна сцена помеѓу Симоне Инзаги и еден од новинарите.
Интер веќе со една нога е во четвртфиналето на Лигата на шампиони бидејќи на гостувањето кај Феенорд успеа синоќа да слави со 2:0.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Гостите од Милано до предност стигнаа во 38. минута кога на асистенција на Барела, мрежата на домашниот тим ја затресе Турам.
Интер до вториот гол стигна во 50. минута кога конечните 0:2 ги постави Лаутаро Мартинез. Гостите можеа и поубедливо да победат, но Зиелински 15 минути подоцна промаши пенал.
Сепак, беше доста интересно и по натпреварот, а во центарот се најде Симоне Инзаги.
Тренерот на Интер се појави на прес-конференцијата, а еден од новинарите не ни претпоставуваше дека ќе стане главна тема поради тоа што го рече.
Најпрво го пофали Интер за победата во синоќешниот натпревар и го праша Инзаги дали Интер оди на двојна круна, но тренерот на италијанскиот тим го поправи пред да заврши.
Инзаги крена три прста и му покажа дека не е во игра само двојна круна, бидејќи неговиот тим сè уште се натпреварува во три различни натпреварувања и може до крајот на сезоната да освојат тројна круна.
„Три натпреварувања“, рече Инзаги со насмевка додека му покажуваше три прста на новинарот.