Дома Фудбал Инзаги потпиша за Ал Хилал. Ќе заработува 26 милиони евра по сезона

Инзаги потпиша за Ал Хилал. Ќе заработува 26 милиони евра по сезона

СИМОНЕ ИНЗАГИ (49) потпиша договор за две години со Ал Хилал.. Фабрицио Романо објави дека италијанскиот тренер ќе заработува 26 милиони евра годишно во Саудиска Арабија.

Ова за Инзаги претставува огромно зголемување на платата во споредба со она што го добиваше во Интер, каде заработуваше шест милиони евра годишно.

Пред него по плата е само Симеоне

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Со ова, Инзаги стана вториот најдобро платен фудбалски тренер во светот. Пред него е само Диего Симеоне, кој во Атлетико Мадрид добива 34 милиони евра годишно. Префрлањето во Арабија му овозможи на Инзаги да ja надмине платата на Пеп Гвардиола, кој во Сити заработува 25 милиони евра по сезона. Италијанецот сега заработува три пати повеќе од Чаби Алонсо. Новиот тренер на Реал добива осум милиони евра годишно.

Ал Хилал пред две сезони ја освои саудиската двојна круна, но во последната сезона беа неуспешни. Поради тоа, трофејниот португалски тренер Жесус замина, а Богуди беше заменет од италијанецот кој претходно ги водеше Лацио (2016 – 2021) и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кога Модриќ ќе потпише за Милан

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (39) треба следната недела, п…