Дома Фудбал Инзаги постави три клучни услови пред Интер

Инзаги постави три клучни услови пред Интер

Прашањето за продолжување на тренерската кариера на Симоне Инзаги е нешто што веќе лебди во воздухот пред саботното финале на Лигата на шампионите каде што миланскиот великан ќе игра против Пари Сен Жермен во Минхен. Иако изгледаше дека нема пречки да ја продолжи соработката со Интер, трофејниот тренер сè повеќе размислува за привлечната понуда на Ал Хилал.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, поранешниот голгетер и тренер на Лацио е во сè поголема дилема кога станува збор за понудата на вицешампионот на Саудиска Арабија бидејќи на масата има двегодишен договор вреден дури 60 милиони евра.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Ако знаеме дека во Интер заработува „мизерни“ четири милиони евра годишно, тогаш јасно е дека една од темите со раководството на Интер ќе биде и зголемување на платата.

Како што пренесува Република, Инзаги нема да се согласи на помалку од седум милиони евра по сезона, но тоа е само еден од условите што ќе ги постави пред раководителите на вицешампионот на Италија по сабота.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерот на Барселона отпатува на ходочастие сред сезона: Дознајте кога повторно ќе заигра

Одбранбениот играч на Барселона, Роналд Араухо, најави дека ќе се врати на тренинзи на 29 …