
Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите одлучи да “крени сидро” и за астрономска плата да го преземе саудискиот Ал Хилал.
Негова прва задача беше овој клуб да го претстави во најдобро светло на Светското клупско првенство во Америка, и не само што успеа, туку и оствари историски резултат.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Излезе од групата со Реал Мадридо, Салцбург и Пачука, а потоа во осминафиналето направи сензација елиминирајќи го Манчестер сити. Сега го очекува четвртфинален дуел со бразилскиот Флуминенсе и добра шанса да достигне до полуфиналето.
Сето ова Инзаги го направи без најдобриот стрелец на екипата Александар Митровиќ. Капитенот на репрезентацијата на Србија е со екипата на ова првенство, но досега не играше поради повреда, а како што стојат работите, прашање е дали ќе одигра повеќе во дресот на Ал Хилал.
Имено, познатиот фудбалски инсајдер Николо Шира тврди дека Инзаги повеќе не смета на Митровиќ, дека веќе одлучил како тој е вишок и дека Србинот брзо ќе се врати во Европа.