Дома Фудбал Интер веќе си направи план за млад дефанзивец за следното лето

Интер веќе си направи план за млад дефанзивец за следното лето

Иако летниот трансфер прозорец заврши неодамна, во Интер веќе одлучиле кој дефанзивец сакаат да го доведат наредната година, според информациите на Фабрицио Романо и Матео Морето. Станува збор за 21-годишниот Жоел Ордонес од Бриж.

Миланскиот гигант започнал истражувачки преговори за еквадорскиот репрезентативец во последните неколку недели, но нивната намера е да го привлечат кога ќе заврши оваа сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова лето интерес за него покажаа Марсеј и Ал-Хилал, но младиот дефанзивец на крајот одлучи да остане во Бриж. Тој веќе има две сезона зад себе во белгискиот клуб, со вкупно 84 натпревари, 4 гола и 2 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред 20 години стана легенда на ЦСКА Москва, а денеска се повлече од фудбалот (Видео)

Кога ќе бидеш еден од најзаслужните за европскиот трофеј во историјата на ЦСКА Москва, тог…