Дома Фудбал Интер сака да донесе два играчи за 80 милиони евра

Интер сака да донесе два играчи за 80 милиони евра

Интер има амбиции до крајот на трансфер периодот да ангажира два нови играчи – средишен играч и стопер. Имаат на располагање буџет од 80 милиони евра, известуваат италијанските медиуми. 

Кога станува збор за средината на теренот, Нераѕурите имале намера да го донесат францускиот фудбалер Ману Коне (24), но Рома не попуштила во поглед на отштетата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Рома инсистирала на исплата од 50 милиони евра, што на крајот го натера Интер да се откаже од Коне. Според италијанските извори, сега нивната цел е играчот на Рен, Цисе (21), чиј договор со францускиот клуб важи до јуни 2029 година.

За позицијата на стопер, во потесен избор се Омар Солет (25) од Удинезе и Лоик Баде (25) од Севиља. Интер летово веќе донесе четири играчи, а полскиот играч Никола Залевски го продаде на Аталанта само по 50 дена од неговото доаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот на Србија удри по Пикси: Да беше Пауновиќ тука, немаше да изгубиме од Албанија!

Филип Костиќ, капитенот на фудбалската репрезентација на Србија во натпреварот против Англ…