Голманот на Наполи, Алекс Мерет би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Чуварот на мрежата има договор до јули 2025 година, а сето тоа будно го следи и Интер, кој наскоро би можел да му понуди договор и да го доведе во летото кое следи како слободен играч.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интерес за Мерет покажа и Арсенал, Наполи во своите редови го доведе во 2019 година од Удинезе за сума од 26 милиони евра.
Интер од друга страна е во потрага по голман бидејќи Јан Зомер наскоро ќе наполни 36 години, па Мерет изгледа како добра опција бидејќи има 27 години.
Ќе потсетиме, изминатото лето без оштета од Наполи во редовите на Интер премина Полјакот, Пјотр Зјелински.