Дома Фудбал Интер е на пат да го победи Баерн и на трансферниот фронт

Интер е на пат да го победи Баерн и на трансферниот фронт

Откако го исфрли Баерн Минхен во ¼-финалето на Лигата на шампионите, Интер може да освои и трансферна битка против баварскиот гигант. Според трансферните експерти Фабрицио Романо и Матео Морето италијанскиот првак е во напредни преговори со крилото на Олимпик Марсеј Луис Енрике.

За бразилскиот фудбалер интерес покажува и Баерн, но тој сака да потпише со „неразурите“. Во меѓувреме тие водат преговори и со неговиот клуб.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


И покрај тоа, моментално има несогласување помеѓу двете страни од околу 10 милиони евра, бидејќи Интер се обидува да ја намали цената на 23-годишниот играч, која се движи помеѓу 30-35 милиони евра. Оваа сезона Енрике има вкупно 31 натпревар за Олимпик Марсеј, на кои постигнал 9 голови и 8 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентина се откажа од Алварес и уште двајца репрезентативци поради проблем со вакцини

Националниот тим на Аргентина изненадувачки се откажа од тројца играчи за претстојниот при…