
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека било грешка што рускиот фудбал беше исфрлен од сите натпреварувања под закрила на ФИФА и УЕФА.
Првиот човек на Светската фудбалска федерација зборуваше на оваа тема за англискиот Скај Спортс.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Да потсетиме, сите руски клубови и репрезентации, сите младински состави, беа исфрлени од европските и светските натпреварувања малку по нападот на Русија врз Украина во февруари 2022 година.
Денес, четири години подоцна, Инфантино тврди дека тоа било грешка.
„Мораме да го преиспитаме тоа (исфрлањето на Русите) дефинитивно”, вели Инфантино.
Првиот чекор кон враќање на Русите на меѓународната сцена веќе го направи Меѓународниот олимписки комитет кој препорача младите категории на руската репрезентација, во двете конкуренции, да почнат да се натпреваруваат исто како и сите останати.