Дома Фудбал Индиска фудбалерка нарече полицаец „глупав белец“: Судот пресуди – не е расизам!

Индиска фудбалерка нарече полицаец „глупав белец“: Судот пресуди – не е расизам!

Една од најдобрите фудбалерки во светот Сем Кер (31) беше ослободена од обвиненијата за расизам на судењето во Лондон, по тоа што го нарече полицаецот “глупав белец”.

Кер, фудбалерка на Челси, беше уапсена на 30 јануари 2023 година, откако одби да плати такси, а нејзината свршеница Кристи Мјус, фудбалерка на Вест Хем, го скрши стаклото на автомобилот во кој се возеа.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Поради тоа, беше приведена во алкохолизирана состојба во полициска станица во југозападен Лондон, а при расправата со полицаецот Стивен Ловел, го нарекла “глупав белец”.

За време на седумдневното судење во Лондон, фудбалерката од индиско потекло тврдеше дека се чувствувала исплашено за својот живот додека возеле, и дека Мјус го скршила задното стакло на автомобилот затоа што мислеле дека таксистот сака да ги киднапира. Исто така, тврдеше дека полицијата се однесувала кон неа поинаку поради бојата на нејзината кожа.

За односот кон полицаецот тврдела дека немала намера да го навреди со тоа.

Ја очекуваше затворска казна до две години, но по четиричасовното заседание, поротата одлучи да ја ослободи австралиската фудбалерка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марка тврди: Реал има нов тренер, договор на три години

Реал Мадрид на 25 мај ќе затвори едно од најсветлите поглавја во својата славна историја –…