Дома Фудбал Инцидент во Втора лига: Прекин на натпреварот Кожуф – Скопје (Видео)

Инцидент во Втора лига: Прекин на натпреварот Кожуф – Скопје (Видео)

Инцидент го одбележа денешниот натпревар од Втората лига меѓу Кожуф и Скопје во Гевгелија.

Во вториот дел, веднаш по голот на гостите за водство, еден нивни фудбалер остана да лежи на тревникот откако, според првичните информации, бил погоден со тврд предмет од трибините.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ситуацијата предизвика жестока реакција и турканица меѓу играчите и дел од присутните, па судијата мораше да го прекине натпреварот речиси петнаесет минути.

По смирување на тензиите мечот продолжи, а домашниот состав на крај успеа да дојде до израмнување и да го постави конечниот резултат – 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срамен потег го „засени“ дербито: Емери објасни зошто не се ракуваше со Артета

Астон Вила доживеа тежок пораз на Емиратс, но повеќе од резултатот внимание привлече момен…