Дома Фудбал Инцидент пред мечот од ЛШ: Холандската полиција приведе 180 навивачи на Наполи (Видео)

Инцидент пред мечот од ЛШ: Холандската полиција приведе 180 навивачи на Наполи (Видео)

Полицијата во Ајндховен приведе 180 навивачи на Наполи поради страв од нереди пред вечерниот натпревар во Лигата на шампионите.

ПСВ и Наполи играат вечерва од 21 часот во Ајндховен, а полицијата од тој град соопшти дека привела навивачи на италијанскиот тим и ги префрлила со автобус во полициската станица на испрашување, “затоа што нивното однесување доведе до немири”.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Исто така, приведени се и четворица навивачи на ПСВ на друга локација во градот. Градските власти го прогласија вечерашното соочување за натпревар со висок ризик.

Надлежните минатата седмица направија зона со безбедносен ризик во центарот на градот и околу стадионот на ПСВ, поради страв од судири меѓу навивачи. Полицијата со тоа доби дополнителни овластувања да ја набљудува и контролира толпата и да ги претресува навивачите поради оружје и пиротехника.

ПСВ во првите две кола од Лигата на шампионите освои еден бод, а Наполи има три.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…