Дома Фудбал Инцидент на „Енфилд“: Помошникот на Симеоне ги плукаше навивачите на Ливерпул (Видео)

Инцидент на „Енфилд“: Помошникот на Симеоне ги плукаше навивачите на Ливерпул (Видео)

Ливерпул на „Енфилд“ го победи Атлетико Мадрид (3:2) во првото коло од Лигата на шампионите. Домаќините веќе до 6. минута водеа со 2:0 благодарение на головите на Енди Робертсон и Мохамед Салах, но Маркос Љоренте со два гола го врати Атлетико во играта. Сепак, Вирџил ван Дајк во судиското продолжение донесе победа за домаќините за големо славје на стадионот на Ливерпул.

Но во текот на натпреварот, домашните навивачи ја провоцираа клупата на Атлетико, на што полуде гостинскиот тренер Диего Симеоне и се спреми да се пресмета со нив. Беше исклучен поради тоа. Навивачите на Ливерпул тоа го прифатија со уште поголемо задоволство и продолжија да ја гестикулираат својата радост кон гостите. Еден навивач на Ливерпул ја снимил реакцијата на член од стручниот штаб на Атлетико.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Тој плукна врз домашните навивачи. Неговиот чин може да го видите веднаш на почетокот на видеото на десната страна од кадарот. Еден од обезбедувачите потоа на судиите му покажал на помошникот на Симеоне кој плукнал на навивачите на Ливерпул, кои очекуваат да биде казнет.

Алтернативен агол на плукање од страна на член на Атлетико врз навивачите на Ливерпул
одu/JmanVere вофудбал
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ одреди популарна цена на влезниците за натпреварот со Казахстан!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор на која беа …