
Во 19. коло од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед заврши нерешено 1:1 против Вулверхемптон. Домаќините поведоа со голот на Јошуа Зиркзе, но кон крајот на првото полувреме, Ладислав Крејч постигна изедначување.
По овој резултат, Јунајтед се наоѓа на шестото место на табелата со 30 бодови, додека Вулверхемптон останува на дното со скромни три бода. Со овој резултат, Вулверхемптон го прекина губитничкиот низ од 11 последователни порази во првенството.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
По завршување на натпреварот, Рубен Аморим изјави: “Нѐ ограничуваше креативноста, но од самиот почеток знаевме дека дуелот ќе биде поинаков од оној со Њукасл. Дури и енергијата на почетокот беше различна. Ако го анализирате мечот, имавме свои моменти, но се соочувавме со недостиг на компактност.”
“Трчавме наоколу во потрага по топката. Немавме сили покрај нивните везисти, а понекогаш поефикасно е да нападнете со помалку напаѓачи. Игравме со тројца напаѓачи и тоа не секогаш е најдобрата стратегија за офанзива. Играчите вложија многу труд. Кога не играте добро со топката, тешко е и без неа. Мораме да се опоравиме и да се подготвиме за следниот натпревар,” заклучи Португалецот.