
За Ламин Јамал веќе долго време се зборува дека ќе биде новата голема ѕвезда на светскиот фудбал, но по сето она што го направи и освоил со само 17 години, може со право да се каже дека младиот Шпанец веќе сега е меѓу самата елита.
Најголемото достигнување на 17-годишникот беше освојувањето на Европското првенство со Шпанија минатото лето, каде што беше еден од најдобрите играчи на својата репрезентација.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На крајот од турнирот беше прогласен за најдобар млад играч на Европското првенство, а досега со своите голови и асистенции учествувал во веќе 12 погодоци што Шпанија ги постигна последниве години.
Тоа беше прекрасно лето за Јамал кој со Барселона малку порано се закити и со титулата шампион на Шпанија.
Lamine Јамал at just 17 years old:
— 433 (@433) April 28, 2025
🏆 1x EURO
🏆 1x LaLiga
🏆 1x Copa del Rey
🏆 1x Supercopa de España
⚽ 48 G/A for Barcelona
🇪🇸 12 G/A for Spain
🏆 Golden Boy award
🏆 Kopa Trophy
🥇 EURO Young Player of the Tournament
🥇 2024 Best Men’s FIFA XI pic.twitter.com/Tjk97mTz3d
И оваа година продолжи со бербата на клупски трофеи, па неодамна го освои и Купот на кралот, а претходно Барселона стигна и до Суперкупот на Шпанија.
Во сето тоа Јамал игра голема улога, па така во досегашната кариера за Барселона со своите голови и асистенции учествувал во 48 голови.
Неговите партии ги препознаа и стручњаците кои го наградија со многу признанија. Една од нив е наградата Златно момче (Golden Boy), која се доделува на младиот фудбалер што се смета за најимпресивен во 2024 година. На церемонијата на Златната топка, Јамал ја доби и наградата Копа Трофеј која се доделува на најдобриот У-21 играч во светот. Треба да се истакне и дека според изборот на ФИФА е избран во најдобрата постава за 2024 година.
И сето тоа со само 17 години, а сезоната уште не е завршена. Барселона е во игра за освојување на Лигата на шампиони и шпанското првенство, а нема сомнение дека Јамал и неговите соиграчи имаат голем мотив да покажат зошто припаѓаат во самиот врв.
Фото: Barcelona FC/FB