
Јануарскиот трансфер период би можел да ни донесе неколку неочекувани трансфери, а како што изгледа најголемото изненадување го подготвува Мауро Икарди.
Икарди веќе повеќе од три години игра во Турција во дресот на Галатасарај, кој го купи аргентинскиот напаѓач од ПСЖ за десет милиони евра.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Аргентинецот се одлично вклопи во екипата на Галатасарај со која доминира во Турција, но во последно време, поради сè почестите повреди, немаше многу можности да игра.
Секако, една од причините е и силната конкуренција во нападот што му ја прави Виктор Осимен и како што изгледа еден од нив двајца ќе го промени клубот многу веројатно уште овој месец.
Сите шанси се дека тоа ќе биде Икарди кој на маса има неколку понуди, и подготвува големо изненадување.
Се појави информација дека Икарди ќе ја продолжи кариерата надвор од Европа, и тоа во Бразил, бидејќи Атлетико Минеиро сака многу да го има во своите редови.
Атлетико Минеиро сака да ја засили екипата пред новата сезона и токму Икарди им е прв на списокот на желби, и се подготвени да му понудат огромна плата за да ја прифати понудата.
Покрај Атлетико Минеиро, овој 32-годишник е поврзуван и со Овиедо, но Икарди е многу поблиску до одлуката да оди во Бразил наместо во Шпанија, бидејќи не сака да се бори за опстанок во Ла Лига во остатокот од сезоната.