Дома Фудбал Играше за Атлетико, имаше проблеми со алкохол, а сега рапува и издаде албум

Играше за Атлетико, имаше проблеми со алкохол, а сега рапува и издаде албум

Џексон Мартинез (38), поранешен колумбиски напаѓач кој играше за клубови како Порто и Атлетико Мадрид, го издаде својот втор музички албум под наслов Кватро Тресе. Некогашниот фудбалер веќе неколку години се занимава со музика и стекна популарност како рапер, а неговите песни имаат илјадници стримувања.

Албумот содржи девет песни, меѓу кои се Madurez, Cada Mañana, La Mentira и Dios Cambia. Мартинез ја одигра последната професионална утакмица во 2020 година. За време на кариерата носеше дресови на Порто, Атлетико Мадрид и кинескиот Гуангжу FC, каде замина во 2016 година по една сезона во Шпанија. Беше и репрезентативец на Колумбија, но повредите сериозно му ја нарушија кариерата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мартинез е роден во колумбискиот град Кибдо, а во интервју за колумбискиот Канал 1 во 2021 година отворено зборуваше за минатото: “Живеев раскошно, бев окружен со алкохол, цигари и други работи. Уживував во тоа затоа што тоа не го гледав како грев, туку како нешто нормално. Никогаш нема да го видите Бога додека тој не е единственото што го имате”, рече Мартинез.

Повредите, за кои требаше да се подложи на неколку операции, го оддалечија од фудбалот и го наведоа да се посвети на музиката. “Во критичен момент од кариерата, по две операции и речиси двегодишна пауза без натпревари, почнав повеќе да се посветувам на пишување и одлучив да издадам албум”, се присети поранешниот напаѓач. Три години подоцна, има зад себе два албума и успешна музичка кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…