Дома Фудбал Играше со великаните во Манчестер, сега работи како поштар

Играше со великаните во Манчестер, сега работи како поштар

На само 20 години, Марник Вермијл дебитираше за Манчестер Јунајтед против Њукасл во меч од Лига купот, но неговата кариера не продолжи да се развива и денес Белгиецот работи како поштар.

Вермијл сега има 32 години и реши да направи интересна промена во кариерата.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Ги закачи копачките, се прости од фудбалот, а сега работи како поштар.

Почетокот на неговата кариера беше ветувачки и веќе во 2010 година се пресели од Стандард Лиеж во академијата на Манчестер Јунајтед.

Тогаш негов тренер беше Оле Гунар Солскјер во помладите категории, а играше заедно со Пол Погба, Џеси Лингард, Равел Морисон и Мајкл Кин.

Во 2012 година играше за првиот тим заедно со великани како Вејн Руни и други против Њукасл во Лига купот (2:1), но сето тоа траеше многу кратко. Веќе во 2015 година го напушти Јунајтед и замина на позајмица во НЕЦ, Шефилд Венздеј, Престон, Сканторп и на крајот заврши во холандски Мастрихт.

„Доста ми е од професионален фудбал. Се зависи од вашиот тренер. Забавата беше важен дел од фудбалот за мене“, изјави Вермијл за белгискиот весник „Voetbalprimeur“.

На крајот ја објасни својата одлука и зошто ја сменил професијата. „Како поштар, секој ден станувам во четири часот, но сега сум дома околу ручек и можам да ги земам децата од училиште секој ден. Тоа е луксуз“, додаде Вермијл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трајковски: Играв за големи клубови, но Хајдук е посебен

Македонскиот репрезентативец и напаѓач на ХАЈДУК Александар Трајковски (32) сезонава не се…