Mарник Вермил (32) направи интересна промена во кариерата. Поранешниот одбранбен играч на Манчестер Јунајтед по завршувањето на кариерата работи како поштар.
Фудбалската кариера на Белгиецот започна ветувачки. Вермил беше донесен во академијата на Црвените ѓаволи од Стандард Лиеж во 2010 година од страна на тогашниот тренер на У21 Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер (51).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Таму играше покрај фудбалски ѕвезди како Пол Погба (31), Џеси Лингард (32), Равел Морисон (31) и Мајкл Кин (31).
Во 2012 година, успеа да се пробие до првиот тим и да дебитира под тренерската легенда Сер Алекс Фергусон (82) во Карабао Купот против Њукасл (2:1). Покрај него во почетниот состав тогаш беше и легендата на клубот Вејн Руни (39).
Сепак, сето тоа кратко траеше за него. Настапи само на уште еден натпревар за сениорите на Јунајтед. Во Лига Купот 2014 година, кога тогашниот тренер Луис ван Гал (73) претрпе тежок пораз од МК Донс (0:4).
Во 2015 година, Вермил конечно го напушти Манчестер. Следеа позајмици во второлигашот Шефилд Венздеј, Престон и подоцна холандскиот второлигаш МВВ Мастрихт. Сега ја завршува кариерата во белгискиот третолигаш Тес Спорт. Таму игра и неговиот брат Лауренс.
„Доста ми беше од професионален фудбал. Премногу си зависен од тренерот. Забавата исто така беше важен фактор за мене,“ објасни Вермил за белгискиот весник „Voetbalprimeur“.
„Како поштар морам да станувам во четири часот, но сега сум дома за ручек и секој ден можам да ги земам децата од училиште. Тоа е луксуз.“