Дома Фудбал Идеалнaта екипа за 2025 година според FIFPRO

Идеалнaта екипа за 2025 година според FIFPRO

Здружението на професионални фудбалери FIFPRO објави во понеделникот идеални состави во машка и женска конкуренција за 2025 година. Повеќе од 26.000 фудбалери и фудбалерки од 68 земји гласаа за најдобриот состав од 11 играчи.

Во „идеалните 11“ најмногу застапени има играчи од европскиот шампион ПСЖ – Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња и Усман Дембеле, како и поранешниот играч Џанлуиџи Донарума, кој со Парижаните ја освои Лигата на шампионите, а во летото премина во Манчестер Сити.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Со само 18 години, напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, стана најмладиот играч кој некогаш бил избран во тимот на годината, соборувајќи го рекордот на Килијан Мбапе од 2018, кога францускиот напаѓач беше вклучен во составот на 19 години. Изненадување претставува отсуството на ѕвезди како Ерлинг Халанд, Мохамед Салах и Рафиња, кои не се најдоа меѓу најдобрите 11.

На голот е Џанлуиџи Донарума, во одбраната се Вирџил ван Дајк, Ашраф Хакими и Нуно Мендес, во средината на теренот се Џуд Белингам, Кол Палмер, Педри и Витиња, додека нападот го предводат Усман Дембеле, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

ИДЕАЛНИТЕ 11 (МАШКИ):

Голман: Џанлуиџи Донарума (ПСЖ/Манчестер Сити, Италија)

Одбрана: Вирџил ван Дајк (Ливерпул, Холандија), Ашраф Хакими (ПСЖ, Мароко), Нуно Мендес (ПСЖ, Португалија)

Средина: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Кол Палмер (Челси, Англија), Педри (Барселона, Шпанија), Витиња (ПСЖ, Португалија)

Напаѓачи: Усман Дембеле (ПСЖ, Франција), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти го подели Бразил околу Нејмар, критики и за Винисиус поради конфликтот со Алонсо

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Карло Анчелоти го објави списокот на иг…