Дома Фудбал Ибраими доби нова улога, ќе работи и во Партизани Тирана!

Ибраими доби нова улога, ќе работи и во Партизани Тирана!

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими доби нова функција во албанскиот фудбал, откако беше назначен за спортски директор на Партизани од Тирана. Тој денеска беше официјално претставен пред јавноста од првиот човек на клубот, Газмент Деми.

Ибраими веднаш ќе се вклучи во секојдневната работа и ќе биде задолжен за креирање и спроведување на спортската политика на „црвено-белите“, а истовремено ќе продолжи да ја извршува и улогата на член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова именување следува по позитивниот впечаток што Ибраими го остави минатата сезона во Албанија, кога како спортски директор на Тирана успеа да го консолидира клубот и да обезбеди опстанок во елитата, и покрај тешката позиција на табелата во која се наоѓаше тимот.

Како фудбалер, Ибраими има богата меѓународна кариера и настапуваше за звучни европски имиња како Салцбург, Олимпија Љубљана, Марибор, Каљари и Астана, додека во албанското првенство беше дел од Кукс и Динамо Тирана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…