Дома Фудбал Ибрахимовиќ за новото на засилување на Милан: Силен е како мене, го сакавме уште во јули!

Ибрахимовиќ за новото на засилување на Милан: Силен е како мене, го сакавме уште во јули!

Милан го доби најголемото засилување на сезоната бидејќи долго бараниот напаѓач Сантијаго Гимénez стигна во Росонерите и на средба со Златан Ибрахимовиќ се претстави на навивачите.

Сантијаго Гимénez (23) блескаше во последните две години во Фејенорд, а со оваа екипа освои титула и одлично водеше во Лигата на шампионите рушејќи ги гигантите како Бајерн.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Милан долго го посакуваше, а и тој самиот сакаше само во Милан. Објави фотографии од детството, на кои позира во дресови на овој клуб, а трансферот го договори заедно со Златан Ибрахимовиќ, чиј повик не можеше да го одбие.

Росонерите за неговите услуги плаќаат 30 милиони евра на Фејенорд, плус бонуси кои нема да бидат помали од пет милиони евра. Сепак, бидејќи Милан ослободи плата со Алваро Мората (се пресели во Галатасарај), се отвори простор за најголемото засилување на оваа сезона.

Мексиканскиот напаѓач, кој со стилот потсетува токму на Ибрахимовиќ, веќе беше на Сан Сиро и навивачите го поздравија., а го следеше и дербито дела Мадонина против Интер и тоа во друштво на Ибрахимовиќ..

“Одлуките што ги донесовме оваа зима се исклучиво за да го подобриме тимот. Гименез е силен како Виери? Не, тој е како Ибра. На друго ниво е. Го следевме и го сакавме уште во јули, но тогаш не беше можност и сега е со нас”, порача Ибрахимовиќ за трансферот.

Гимéнeз денес ќе биде на медицински прегледи во Милан и ќе потпише договор до 2029 година. Веќе е познато дека ќе носи дрес со број седум, кој досега му припаѓаше на Мората.

Овој 23-годишен централен напаѓач во 73 натпревари во дресот на Фејенорд постигна 45 голови. Претходно пристигна од Мексико во Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно е колку нема среќа: Одигра само пет натпревари цела година и сега – повторно се повреди!

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Лук Шо претрпе нова повреда, и повторно нема да биде во …