
Легендарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ повторно стана интернет сензација, но овојпат не поради головите, туку заради подготовка на скара.
Во видеото кое го сподели на социјалните мрежи, Златан, без маичка и во влечки, пече месо додека во позадина се слуша песната “Луда по тебе” од Лепа Брена. Видеото го привлекло вниманието на над 12,4 милиони луѓе само за еден ден.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Ибрахимовиќ, кој моментално е советник на сопственикот и менаџментот на Милан, одлучи да го искористи слободниот викенд на најбалкански можен начин – со добра скара и народна музика.
На снимката, познатиот напаѓач опуштено стои без маица, во тренерка и влечки, додека внимателно го врти месото на скарата, а во позадина силно звучат хитови на Брена.
Видеото предизвика огромен број коментари целиот свет, а еден особено се истакнува:
„Просечен балкански татко во недела попладне“ – напишал еден корисник, алудирајќи на типичен призор од многу домови низ регионот.