Дома Фудбал И тоа се случи: Манчестер јунајтед освои трофеј по реми со Евертон (Видео)

И тоа се случи: Манчестер јунајтед освои трофеј по реми со Евертон (Видео)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед синоќа ја освоија летната серија на Премиер лигата во Атланта, САД, откако ремизираа со екипата на Евертон со резултат 2:2.

Натпреварот го одбележаа стрелците Бруно Фернандеш и Мејсон Маунт, како и појавата на дебитантот во дресот на „црвените ѓаволи“ Брајан Мбеумо, кој ова лето беше платен 75.000.000 евра.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тимот на Рубен Аморим можеше да стигне и до третата победа по ред по триумфите над Вест Хем и Борнмут, но ги спречија Илиман Ндиаје и автоголот на Ајден Хивен.

Злоумислените ќе се пошегуваат дека ова е единствениот трофеј кој Јунајтед ќе го освои во блиска иднина, но навивачите на великанот од Олд Трафорд генерално се задоволни од играта на нивните пулени за време на летната турнеја по САД.

Следната сабота, Манчестер клубот ги очекува генерална проба против тимот на Фиорентина, а првиот натпревар од сезоната е закажан за 17 август кога во дербито ќе го пречекаат Арсенал.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не e сè во парите: Ѕвездата на Јунајтед ги одби понудите од С. Арабија, сака да игра во еден клуб

Манчестер Јунајтед ова лето прави вистинска реконструкција на тимот, а едно од имињата кое…