
Звучи малку бизарно, но дербито на градот Хелмонд ќе се одигра без никакви судии на фудбалскиот терен.
Хелмонд е град во јужниот дел на Холандија, кој, меѓу останатото, има два фудбалски клуба – СВ Брандеворд и СВ Де Брак.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Овие два клуба на 27 март во 20 часот ќе го одиграат градското дерби во рамките на пријателски меч, а домаќин ќе биде СВ Брандеворд.
Нема да има ништо чудно, ако клубовите не објавија една интересна информација за овој натпревар, а таа гласи – нема судија.
Да, добро прочитавте. На овој меч нема да има ниту главни, ниту помошни судии, а со тоа нема да има ниту картони.
Играчите на теренот ќе се договараат сами што е прекршок, а што не, и други работи кои инаку се работа на судијата.
На овој начин овие два клуба сакаат да обрнат внимание на значењето на спортското однесување и коректноста на теренот, бидејќи сметаат дека одамна фер-плејот исчезнал.
“Пријателството на теренот одамна исчезна, сакаме да обрнеме внимание на тоа”, рече Хари Елзендоорн – претседателот на СВ Брандеворд.
Поради оваа информација, се зголеми интересот на фудбалската јавност и утре се очекуваат полни трибини, нешто што инаку не е случај за овие клубови.