
Ливерпул ова лето останува без долгогодишниот десен бек, Трент Александер-Арнолд, кој како слободен играч заминува во Реал Мадрид, но изгледа дека англискиот шампион веќе нашол замена. Како што пишува Фабрицио Романо, преговорите за трансферот на Жереми Фримпонг (24) од Баер Леверкузен во Ливерпул напредуваат.
Холандскиот репрезентативец во договорот со Леверкузен има клаузула за откуп, по која може да замине за 35 милиони евра, а Романо тврди дека Ливерпул веќе разговара за моделот на отплата. Истовремено се водат разговори и со Фримпонг, кој би сакал да игра во Ливерпул.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Иако игра за Холандија, каде што е роден, Фримпонг израснал во Англија и поминал девет години во академијата на Манчестер Сити. Како 19-годишник замина во Селтик, а од 2021 година е во Леверкузен, каде што беше еден од најдобрите играчи во освојувањето на историската титула минатата сезона.
Фримпонг е многу офанзивен десен бек и најчесто игра како крилен бек, а понекогаш игра и како десно крило. За Леверкузен има 30 гола и 44 асистенции во 190 натпревари. Оваа сезона има постигнато пет гола и 12 асистенции во 48 одиграни натпревари. Трансфермаркт му ја проценува вредноста на 50 милиони евра.