Дома Фудбал Хујсен направи нова глупост: Мбапе и Ѓулер стрелаа за три бодови за Реал Мадрид (Видео)

Хујсен направи нова глупост: Мбапе и Ѓулер стрелаа за три бодови за Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид извојува значајна победа на гостувањето кај Реал Сосиедад, совладувајќи го противникот со 2-1 во рамки на четвртото коло од шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ дојдоа до водство уште во 12. минута преку Килијан Мбапе, кој ја искористи несигурноста во одбраната на домаќините.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Дополнителен удар за баскијскиот состав беше исклучувањето на Дин Хујсен, кој направи сериозен прекршок во обид да спречи контра-напад и веднаш доби црвен картон.

Реал ја искористи бројчаната предност и пред крајот на првото полувреме Арда Ѓулер ја зголеми предноста на 0-2, откако со прецизен удар ја затресе мрежата.

Сепак, Сосиедад не се предаде и преку Микел Ојарзабал, кој беше прецизен од белата точка во раната фаза од вториот дел, намали на 1-2 и внесе неизвесност во мечот.

Фото: Facebook/Real Madrid

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…