Дома Фудбал Хујсен ги одбил богатите понуди од премиерлигашите: Извинете, ама сакам да играм за Реал Мадрид

Хујсен ги одбил богатите понуди од премиерлигашите: Извинете, ама сакам да играм за Реал Мадрид

Младиот шпански репрезентативец и дефанзивец на Борнмут, Дин Хујсен, ја одби можноста за трансфер во неколку англиски гиганти, изјавувајќи дека неговата единствена желба е да заигра за Реал Мадрид.

„Благодарам многу, но жал ми е – сакам да играм за Реал Мадрид“, им рекол Хујсен на клубовите од Премиер лигата кои покажале интерес за неговите услуги.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Хујсен, кој има 20 години и е роден во Холандија, но ја претставува Шпанија, имаше извонредна сезона во Премиер лигата со Борнмут, што привлече внимание од клубови како Челси, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Сепак, тој одлучи да го следи својот сон и да се пресели во Мадрид, прифаќајќи значително пониска плата во споредба со понудите од Англија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…