Дома Фудбал Хрватскиот маестро му носи големо засилување на Интер!

Хрватскиот маестро му носи големо засилување на Интер!

Италијанските медиуми пренесуваат интересни информации што би можеле да означат нов хрватски тандем во редовите на миланскиот Интер.

Имено, според извори блиски до играчите, ѕвездата на Интер, Петар Сушиќ, наводно е во постојан контакт со својот поранешен соиграч од Динамо, Мартин Батурина, кој во моментов го носи дресот на Комо.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Батурина, кој оваа сезона пристигна во Серија А со големи очекувања, не е задоволен од својот статус во Комо. Иако се работи за еден од најталентираните офанзивци на својата генерација, минутажата и улогата во тимот на Сеск Фабрегас не се на нивото што го очекуваше.

Сушиќ, кој последно време станува сè поважен играч за Нераѕурите, наводно се обидува да го искористи своето сè поголемо влијание во клубот за да иницира потенцијален трансфер на својот пријател и поранешен соиграч во Интер.

Според пишувањето на неколку италијански портали, во миланскиот клуб постои сериозен интерес за Батурина, но се е уште во рана фаза. Засега нема коментари од Комо ниту Интер, но ситуацијата ќе ја следиме внимателно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Неверојатниот Меси со два гола и асистенција го одведе Мајами во полуфинале на Истокот

Лионел Меси со феноменална изведба го одведе Интер Мајами во полуфиналето на Источната кон…