Дома Фудбал Холанд или Исак? Јас не би го заменил Ерлинг ниту за Меси, Роналдо…

Холанд или Исак? Јас не би го заменил Ерлинг ниту за Меси, Роналдо…

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е пресреќен со учинокот на својот напаѓач Ерлинг Холанд.

Англиските новинари го прашаа шпанскиот тренер да го спореди првиот стрелец на „Граѓаните“ со новото засилување на Ливерпул, Александер Исак. Повод беше изјавата на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, дека Швеѓанецот е најдобриот напаѓач во светот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Го ставам Холанд малку над него. Исак е извонреден играч, но ме прашавте за Ерлинг и тој е врвен“, рече Гвардиола и додаде:

„Исак мора да биде врвен играч штом толку платиле за него. Некој друг би можел да го спомне Мбапе, Меси или Кристијан Роналдо, но јас не би го заменил Ерлинг за никого“, рече менаџерот на Манчестер Сити.

Ерлинг Холанд дојде во Манчестер Сити во летото 2022 година од Борусија Дортмунд. Од тогаш, за „Граѓаните“ одигра вкупно 149 натпревари и постигна 127 голови.

Норвежанецот оваа сезона одигра три натпревари во Премиер лигата и постигна три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Бајандир брани против Сити, Ламенс ќе брани години

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, потврди дека нема да го менува голманот за …