
Денвер Нагетс продолжуваат со доминација на домашен терен, откако во ноќта од петок кон сабота, успешно ги совладаа Голден Стејт Вориорс со резултат од 129:104, во нивната втора натпревар на НБА купот оваа сезона. Ова беше петта победа за тимот од Колорадо на домаќински терен, а најдобар на теренот беше Никола Јокиќ со 26 поени, како и по девет скокови и асистенции.
По одличниот перформанс, Јокиќ се јави во емисијата НБА он Прајм, каде разговараше со легендарните кошаркари Дирк Новицки и Стив Неш. Воодушевување предизвика делот од шоуто кога српскиот кошаркар се збогуваше, а Новицки направи неочекуван предлог.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Гостите во студиото му честитаа на Јокиќ за настапот, а се слушна и како го ословуваат со „брате“. Брилијантниот центар сподели дека му било забавно, а тогаш Новицки дофрли: „Земи ракија!“
Никола Јокиќ е фан на @NBAonPrime покриеноста 👀
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) 8 ноември, 2025
Јокиќ: „Ова беше забавно, многу подобро.“ 😂
Дирк: „Земи ракија.“
Јокиќ: „Ти знаеш за тоа.“ pic.twitter.com/FGGhba8gwD