Дома Фудбал Хет-трик на Мбапе во „Ел Класико“, но Барселона ги освои бодовите (Видео)

Хет-трик на Мбапе во „Ел Класико“, но Барселона ги освои бодовите (Видео)

Шпанското дерби „Ел Класико“ понуди одличен фудбал и дури седум голови, при што Барселона славеше со 4-3 против Реал Мадрид.

„Кралевите“ започнаа моќно и со борбен елан – Килијан Мбапе двапати ја затресе мрежата на Барселона, прво во 5. минута, а потоа и во 14. минута, со што Реал Мадрид поведе со 0-2 и навести убедлива предност.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, каталонскиот гигант не се предаде. Барселона одговори енергично – Ерик Гарсија го намали резултатот, а младиот Ламин Јамал израмни на 2-2 до 32. минута, враќајќи ја неизвесноста во натпреварот.

Нивниот пресврт не застана тука – само две минути подоцна, Рафиња го совлада Тибо Куртоа и ги донесе „блауграна“ во водство од 3-2. До крајот на полувремето, Бразилецот погоди и по вторпат, за високи 4-2 по првите 45 минути во спектакуларниот Класико дуел.

Мбапе постигна и трет гол на мечот во 70. минута, по што „кралевите“ имаа уште неколку шанси, но не ги искористија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали Вардар беше оштетен за пенал во дербито со Пелистер? (Видео)

Во Битола попладнево се игра дербито од македонското фудбалско првенство помеѓу Пелистер и…